Категории

Не е се во изгледот: Ова е главниот критериум за жените при изборот на идеален партнер!

Жените помлади од 40 години поставуваат високи критериуми при избирањето на партнерот преку социјални мрежи, додека мажите во подоцнежните години стануваат се попребирливи, покажуваат резултатите од едно австралиско истражување.

Психолошката студија на Универзитетот во Квинсленд, на основа на испитувањата од 41.000 корисник на сајтовите за запознавање, утврдила дека постои значајна разлика помеѓу приоритетите кои ги поставуваат мажите и жените, барајќи ја својата сродна душа на Интернет.

Испитувајќи ги двата пола на возраст од 18 до 80 години, тим од стручњаци анализирал во текот на 2016. година повеќе од 250.000 интеракции на корисници на најкористениот сајт за запознавање во Австралија.

Резултатите покажале дека жените помеѓу 18 и 30 години го нагласуваат образованието како еден од најважните критериуми при изборот на партнер. Во тие години, жените бараат партнер кој има исто или повисоко ниво на образование.

Додека жените до триесеттата година имаат специфични и конкретни барања во врска со посакуваниот партнер, мажите се помалку пребирливи до четириесетите години, а во подоцнежните години стануваат попребирливи и од жените.