Категории

Не е секоја загуба нешто загубено – Некои љубови ни носат важни лекции

Не си загубил, всушност си се посреќил што си запознал некого чиј свет бил сличен како твојот и ги чувствувал нештата исто како и ти.

Не си загубил, всушност си се посреќил што си запознал некого чиј свет бил сличен како твојот и ги чувствувал нештата исто како и ти.
Си се посреќил што си запознал некој со кого си можел да поминуваш мигови и кој можел да го гледа животот преку твоите очи. Си научил нешто од неговиот омилен филм а тој открил нешто за љубовта преку начинот на кој си се расплакал на романтичните сцени.

Не си загубил, всушност си се поресќил што си имал можност да запознаеш некој кој ги прифатил твоите рани и твојата несигурност како нешто прекрасно и никогаш не се обидел да ги искористи против тебе.
Што си имал можност да го сакаш како што тој те сакал тебе и си искусил нешта кои не би биле исти ако би ги искусил без таа личност.
И иако времето се одлучило да ве раздели или можеби вашите патишта се разишле, сепак си се посреќил што си имал можност да бидеш дел од неговиот живот.

Понекогаш некои луѓе доаѓаат во нашиот живот за да не сакаат како урагани, да ги разместат сите нешта, да растурат се за на крајот да можеме се да падне на своето место. За да не научат како да се сакаме себеси и за што вреди да се ризикува.
Биди среќен што си имал можност да запознаеш некој кој те научил на сето тоа, затоа што тоа е она кое те направи посилен.