Не е важно каде си бил, важно е да продолжиш напред

Имаш моќ, премногу моќ за да не дозволиш еден камен од минатото да те попречува како да е планина

Во овој живот ќе направиш многу грешки. Ќе сакаш погрешни личности, ќе доживееш порази, ќе плачеш, ќе му веруваш некому кој ќе те изневери, ќе прекршиш ветувања, ќе изгубил луѓе кои ги сакаш, ќе направиш нешто за кое си мислел дека никогаш нема да го направиш, ќе паднеш..

Но најважно од се е, дека ќе имаш нова шанса, секој ден повторно и повторно, да го поправиш сето тоа и да почнеш од почеток.
Грешките се дел од животот, тие служат да не научат на нешто ново, да докажат дека не сме совршени и да ни покажат кои сме навистина, да ни помогнат да се откриеме себеси и сопствениот пат. Да го најдеме вистинскиот пат подобро.
Најважно нешто кое треба да го знаеш е дека – навистина не е важно каде си бил претходно, каде си сега или што ти се случило во минатото. Важно е дека ќе продолжиш да чекориш напред, ќе продолжиш да се развиваш. Секој на својот грб носи терет, секој има трауми и болки, емоции и страв, неучени лекции, солзи и насмевки, сето тоа го носиме со себе каде и да одиме.

Понекогаш тој терет ќе го почувствуваш потежок од кога и да било, и ќе научиш дека некогаш е најдобро да се ослободиш од него, да го оставиш некаде на патот за да престане да те влече кон дното. Понекогаш не ја носиме болката со себеси но таа е тука, дел од нас, и колку да е страшна, таа не прави она што сме.
Но не можеш да го живееш животот во нејзина сенка, не смееш да дозволиш таа да те ограничува, нити да ти стои на патот кон твојата цел. Судбината носи многу поголеми нешта. Имаш моќ, премногу моќ за не дозволиш еден камен од минатото да те сопнува како да е планина. Иднината те чека со раширни раце, ослободи се од товарот и прегрни ја!

– Кукла од Памук




Коментари

коментари