Категории

Не е важно што имаш, важно е што донесуваш во животите на другите

Не е важно што имаш, важно е какво чувство будиш кај другите.

Не е важно колку имаш на својата банкарска сметка, колку квадрати има твојата куќа, не е важно колку добра кола имаш и каква е твојата викендица.
Важно е што донесуваш во животите на другите, дали донесуваш мир или немир.

Дали се чувствува напнатост во твојата присутност и дали другите едвај чекаат да побегнат од неа или ти доаѓаат во пресрет со радост и сакаат да поминуваат што повеќе време со тебе. Ти си оној кој одлучува.

Не е важно што имаш, важно е како постапуваш со другите.

Дали постапуваш со чувство на почит спрема другите или го „подигнуваш носот“ до небо затоа што можеби си остварил некој успех и сметаш дека никој не ти е рамен.
Не ја бараш повеќе близината на луѓето кои некогаш биле до тебе, кои те поддржувале или делеле со тебе добро и зло, туку сега после тоа достигнување бараш угледни и видни луѓе кои сметаш дека се повредни од оние со кои некогаш си бил опкружен.

Не е важно што имаш, важно е какво чувство будиш кај другите.

Дали се тоа нежни чувства полни со топлина и радост, или тоа е само едно мачно чувство кое се појавува кога ќе се најдеш во близина на личност со која мораш да ги одбираш зборовите внимателно и постојано мораш да се пазиш затоа што таа личност верува дека е нешто повеќе од тебе.

Буди позитивни чувства, нека луѓето после твоето заминување уште долго паметат како се чувствувале во твојата близина. Не е важно што имаш, важно е колку од тоа што го имаш го споделуваш со другите.

Ако тоа што го имаш е причина да почнеш да се однесуваш како да си нешто повеќе од другите, знај дека веќе утре можеш да го изгубиш и потоа да се прашуваш зошто си се однесувал на тој начин, зошто си дозволил твојот живот да зависи од сето тоа и да ги изгубиш луѓето со кои некогаш си бил опкружен и кои верувале во тебе уште од самиот почеток.
Ти си оној кој одлучува!

Прегледи:
576
Објавено на:
02.03.2020