Категории

Не ги фрлајте лушпите од јајцата! Ова се неколку одлични начини како можете да ги искористите

Лушпата од јајцето содржи 90 отсто калциум и поради тоа е најдобар природен извор на тој минерал.

Поради овој квалитет, лушпите од јајцата се одлични за хранење на земјиштата – додавањето на калциум во земјата ја намалува неговата киселост, а билките растат побрзо и нивниот корен се развива побрзо.

1. Со помош на овој трик можете да се ослободите и од штеточините, како што се полжавите и гасениците. Потребно е само излупените лушпи да ги истурите околу билката во вашата градина. Доколку на лушпите им додадете и пепел, ефектот ќе биде уште подобар.

2. Направете природно ѓубриво за вашето собно цвеќе во комбинација со талог од кафе. Лушпите од јајце потпопете ги во вода и оставете ги преку ноќ. Наутро на таа вода додадете и талог од кафе во однос 1:4 и залијте ги билките.

3. Излупените лушпи од јајца додадете ги како храна за кокошките. Тие ќе ги снабдуваат со калциум бидејќи тој е неопходен за формирање на коските и лушпите од јајцата, но има и други функции, од кои најважни се: пренесување на масти преку крвотокот до жолчката, згрутчување на крвта и затегање на мускулите.

4. Лушпите од јајцата можат да послужат и како храна за птици, особено во зимскиот период кога им е намален изборот на храна. Лушпите прво треба да се стерилизираат (да се испечат во рерна 20 минути на 180 степени), а потоа да се здробат.

5. Доколку вашето домашно милениче, особено куче, има честопати дијареа, столчете лушпа од јајце во прав и додадете му ја во исхраната.

Прегледи:
567
Објавено на:
09.04.2018