Категории

Не кажувај му ги на секого за твоите планови, желби и соништа

Движи се по сопствениот ритам и темпо, молчи и остави твојот успех и победа да зборуваат за тебе!

Ти го познаваш својот пат подобро од било кој друг. Не кажувај му на никој за твоите планови, желби и соништа. Молчи. Не брзај се да се случи сега и одма. Радувај му се на мигот во кој се наоѓат. Биди во мир и немој да влегуваш во расправии кои ја нарушуваат твојата благосостојба. Никој нема да те гледа онака како што се гледаш самиот. Откажи се од помислата таа слика која си ја изградил за себеси да му ја покажеш и докажеш на другите кога тој го гледа светот преку своите очи, и го гледа еднакво „точно“ како и ти. Не губи го својот баланс со силните објаснувања. Не ја црпи својата енергија од зборовите за да му покажеш и докажеш некому дека не си она што тој го гледа во тебе.

Си работел долго за да бидеш тука каде што си. Си поминал низ многу одбивања во животот поради посветеноста која си ја избрал. Никој и ништо не е вредно за таа внатрешна благосостојба и единство со себеси, со она што всушност си ти.

Нека другите мислат што сакаат. Имаш право да кажеш НЕ на калапот кој ти се наметнува. Имаш право на заминување, на заборавање, на слобода, на нешто што не ти е пријатно.
Ти не си некој друг, и некој друг не е ти. Движи се по сопствениот ритам и темпо, молчи и остави твојот успех и победа да зборуваат за тебе!

Прегледи:
842
Објавено на:
22.12.2019