Не лажете се, добрите луѓе не се глупави…

Не лажете се. Добрите луѓе не се глупави. Напротив! Често имаат исклучиво висок коефициент на интелигенција, кој им овозможува да го видат светот приближно онаков каков што е и кој им влева сила и желба секогаш да се обидуваат барем малку да го разубават, да помогнат кому можат.

И гледаат, сосема јасно, кога некој ги злоупотребува поради тоа, исмејува, издава, лаже. Не се слепи. Но, исто така знаат дека тоа е нивна задача. Да помагаат без да бараат повратна услуга, да го сакаат безусловно и оној кој ни родената мајка не го сака, да даваат кога ни самите немаат, да решаваат туѓи проблеми, да му се најдат на секој кој има проблем.

Дури и кога ги злоупотребуваат или лажат, не можат да ја убијат својата добрина. Никогаш не може да се убие тој порив во нив. Зошто? Затоа што секој го нуди само она што го носи во себе. А добрите луѓе носат само љубов и разбирање, сочувствителност и убавина во срцето и душата. Оној кој е полн со ваквите вредности, универзумот, Богот секогаш му враќаат.

Тие никогаш од луѓето нема да го добијат она што го заслужиле, но животот, тој никогаш нема да им остане должен. Ќе прати некои други добри луѓе да ги спасат кога им е потребно спасување, да ги разберат кога им е потребно разбирање и да им подадат рака кога мислат дека ќе паднат.

Светот е полн со добри луѓе, само се скриени плашејќи се од оние дивите кои некако изгледа дека владеат со светот. Се кријат тие прекрасни луѓе, плашејќи се од нелуѓето и заборавајќи на огромната животна вистина дека Господ ги сака оние со добро, искрено и чисто срце.

Бидете добри луѓе. Обидете се некое време. Набљудувајте што ќе се случува.

Очекувајте да бидете предадени и прелажани, токму од оние на кои сте им помогнале, како и од некои други од кои тоа никогаш не сте го очекувале. Но, исто така, очекувајте чуда! Бидејќи колку и да може нечовекот да ве повреди, сто пати повеќе Господ преку човекот може да ве награди.

Не дозволувајте животот да ви помине во глувчешка дупка. Бидете храбри, бидејќи среќата ги прати добрите и храбрите, а Бог…?

Тој тие највеќе ги сака.




Коментари

коментари