Категории

“Не можеш да се сокриеш од сопствениот отров”: Животната поука на Ричард Гир “ја запали” интернет мрежата!

“Никој од нас оттука нема да се извлече жив, затоа ве молам да престанете кон себе да се однесувате онака како што ви наметнуваат.”

На една од неговите фан страници, се појави и животната поука на Ричард Гир, којашто буквално секој би требало да ја прочита, а можеби да се замисли за себе си, и за она што навистина е.

“Мајката на мојот пријател се хранеше здраво целиот свој живот. Никогаш не конзумираше алкохол, ниту било каква лоша храна. Вежбаше секој ден, беше многу еластична, активна, и ги земаше сите можни суплементи коишто гѝи препорачуваше докторот, никогаш не се изложуваше на Сонце без заштита, а и кога го правеше тоа со сите соодветни заштити, тоа го правеше во најкраток можен период, практично таа го штитеше своето здравје во најголема мера колку што беше возможно. Денес, таа има 76 години, има рак на кожата, рак на коскената срж и екстремна остеопороза.

Таткото на мојот пријател јаде сланина на сланина, путер врз путер, маст врз маст, а мислам дека и никогаш не вежбал, се изложуваше на Сонце сè додека да изгори, и тоа го правеше секогаш, всушност неговиот пристап кон животот беше така што тој сакаше буквално да живее до максимумот, а не како што му се сугерираше. Денес тој има 81 година и докторите велат дека има здравје како значајно помлада личност.

ROME, ITALY - DECEMBER 14:  Richard Gere attends a photocall for 'Franny' at Villa Borghese on December 14, 2015 in Rome, Italy.  (Photo by Elisabetta A. Villa/Getty Images)

Луѓе, не можете да се сокриете од својот отров. Тој е таму некаде и ќе ве пронајде. А ова се зборовите на мајката на мојот пријател, којашто е сè уште жива…

“Да знаев дека животот ќе ми заврши на ваков начин, ќе го живеев сè до максимумот, уживајќи во сè и сешто што ми беше кажано дека не треба да го правам!”

Никој од нас нема оттука да излезе жив, затоа ве молам да престанете кон себе да се однесувате онака како што наметнуваат другите. Јадете ја таа вкусна храна, шетајте по сонцето и скокнете во океанот. Кажете ја вистината којашто ја носите во своето срце како скриено богатство. Бидете будалести. Бидете љубезни. Бидете чудни. Нема време за ништо друго”, порачува славниот актер.

richard-gere-zivotna-pouka-supermen-novo-04

И без оглед на тоа дали се работи за приказна којашто навистина потекнува од славниот актер, или не, поуката е јасна – не бидете опседнати со нешто само затоа што се работи за моментален тренд или нечија препорака. Умереноста е мајка и живејте го животот со полни бели дробови.

Прегледи:
188
Објавено на:
16.02.2016