Категории

Не можеш да ги затвориш портите на вистинската љубов, таа секогаш го има вистинскиот клуч

Далечноста и сокривањето на своите чувства нема да те запрат да ја пронајдеш личноста која те бара тебе.

Подобро е да си сам отколку во половична врска.
Да, подобро е отколку твојата среќа да е половична, да знаеш дека нешто недостига и не можеш да го промениш тоа. Подобро е да си сам отколку да знаеш дека не си доволен некому.

Но тоа не значи дека е подобро да останеш сам засекогаш, да ја изгубиш сета верба дека некогаш ќе се појави некој на кого ќе му бидеш доволен онаков каков што си.
Не е секогаш најдобро да бидеш сам, кога знаеш дека можеш некому да бидеш причина за насмевка, причина да верува во себеси.
Да му дадеш можност и пристап до твоето срце и да веруваш дека нема да го повреди.

Еднаш кога ќе пронајдеш некој кој се вклопува во сите празни места на вистински начин, ќе сфатиш дека половичноста никогаш не била опција.
И можеби ќе се исплашиш и ќе помислиш дека емоциите стануваат премногу интензивни и ќе посакаш да побегнеш, но верувај дека тоа е реалноста да вистинските чувства.
Заслужуваш некој кој ќе те гледа како да си нивниот цел свет.

Далечноста и сокривањето на своите чувства нема да те запрат да ја пронајдеш личноста која те бара тебе. И колку да се трудиш не можеш да ги затвориш портите на вистинската љубов, таа секогаш го има вистинскиот клуч.

Прегледи:
417
Објавено на:
03.07.2020