Не можеш да контролираш сè во животот – Можеш само да ги контролираш своите мисли

Вистинскиот мир се постигнува тогаш кога ќе научиш да ги контролираш сопствените мисли и нема да дозволиш никој да влијае на нив.

Целата мудрост во животот се крие во тоа да откриеме кои нешта во животото можеме да ги држеме под контрола а кои треба да ги пуштиме да бидат онака како што е нивниот природен тек.
Да се прифати дека не може да се влијае на сите нешта во животот, и понекогаш кога ќе се случат нешта кои не можат да бидат контролирани, не значи дека не треба да живееш среќен и исполнет живот.

Стравовите и сомнежите не се единствената сила против која мораш да се бориш, тие се сила со која треба да научиш да живееш. Единствено треба да се бориш со сопствените негативни мисли и да не дозволиш да изгубиш надеж, радост и ентузијазам.

Мирот ќе го постигнеш тогаш кога ќе ја имаш контролата над своите мисли и нема да дозволуваш никој да влијае на нив. Тоа е твојата контрола, да успееш во сопствената контрола, да се развиваш и да растеш заедно со секое искуство кое ти го донесува животот.




Коментари

[fbcomments]