Категории

Не можете да се опуштите после работа? – Пробајте ги овие методи

Без разлика дали одат на работа секој ден или работат во удобноста на својот дом, многумина често се жалат дека дури и по успешното завршување на деловните задачи, не можат целосно да се релаксираат и постојано чувствуваат стрес и напнатост.

Ако сте меѓу оние кои, дури и по завршувањето на работата, се чувствуваат напнати, раздразливи или воопшто не можат да се исклучат, можеби треба да размислите за примена на четири ефективни методи. Покрај тоа, грижата за себе, особено кога станува збор за менталното здравје, никогаш не било поважно. Времето во кое живееме во моментов е крајно стресно, за што придонесе глобалната пандемија на коронавирус, која нема крај на повидок.

Со оглед на сето ова, со помош на овие четири идеи ќе ви биде полесно да се ослободите од стресот барем после работа:

1. Одредена храна помага против стресот
Храната која ја конзумирае има големо влијание врз нивото на стрес, бидејќи студиите покажаа дека исхраната од растително потекло помага да се намали стресот. Имено, храната од животинско потекло произведува многу киселина, која ги оптоварува бубрезите и црниот дроб како и целиот организам. Покрај тоа, постојат одредени намирници кои ни помагаат да се релаксираме. На пример, бананите, овесот и какаото содржат триптофан, амино киселина од која нашето тело го произведува хормонот на среќата – серотонин. Исто така, салатата со ореви за вечера е и вкусна и релаксирачка бидејќи оревите имаат висока содржина на витамин Б, што има позитивен ефект врз нервниот систем. Магнезиум и калиум, кои исто така помагаат во ублажување на стресот, се наоѓаат во зеленчукот и салатите.

2. Обидете се да легнете рано
Да, постои еден маѓепсан круг – по ден исполнет со обврски, често е тешко да заспиете ноќе. На нашето тело итно му е потребен овој одмор за регенерација: фазата на длабок сон за физичко закрепнување и фазата на РЕМ спиење е од суштинско значење за релаксирање на нервите и намалување на секојдневниот стрес. Особено се важни првите часови сон. Ако одредени фази се премногу кратки, тоа веднаш ќе влијае на ослободување на хормонот на стресот кортизол следното утро. Затоа, дури и ако ви е тешко, а главата сеуште зуи – обидете се да заспиете што е можно поскоро. Вашата рутина пред спиење е многу важна – на пр. четкање на забите и отстранување на шминката е сигнал за вашето тело дека наскоро ќе дојде време за спиење. Оставете го телефонот настрана, тогаш мелатонинот ќе се ослободи и наместо тоа земетеда читате книга.

3. Вежби за релаксација
Секојдневните движења – долго седење или стоење – создаваат напнатост во телото. И кога сме напнати, мозочното стебло им сигнализира на мускулите да заземат малку свиткана заштитна поза. Ако сакате да се ослободите од стресот, треба редовно да се ослободите од оваа напнатост.Целните вежби можат да помогнат да се релаксирате и да се справите со стресот, како што се јога или медитација.

4. Поминете време на отворено
За да го држите стресот под контрола на долг рок, можете да се обидете со т.н. „Правила 20-5-3“. Тоа во основа е распоред за живот на отворено што секој може да го дизајнира за себе. Правилото се заснова на резултатите од екотерапијата, кои велат дека активностите на отворено (вклучително и само одење) можат да ја ублажат блага до умерена депресија и да ве ослободат од стресни ситуации. Првата точка на оваа пирамида „без стрес“ се однесува на 20 минути и тоа е колку време треба да поминете надвор, во природа.

Втората точка се однесува на пет часа. Ова е минималното време што треба да го поминете во природа секој месец: или во шума, парк или на вашата омилена пешачка патека. Врвот на пирамидата се однесува на три дена. Ова е времето што треба да го поминете целосно „исклучено“ во природната средина секоја година, што би значело некаде каде што сигналот не е толку добар и нема деловни повици или електронски пораки.

Прегледи:
347
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
18.09.2021