Категории

Не одел на работа 15 години и редовно примал плата – Заработил милион евра

Цели 15 години, Салваторе С., 66 години, вработен во локална здравствена установа во калабрискиот град Катарзан, не отишол на работа, но добивал редовна плата и со тоа заработич повеќе од половина милион евра.

Полицијата утврди дека Салваторе не се појавил на работа во одделот за итни случаи во случај на пожар во последните 15 години, пренесува Анса. Во тоа му помогнало друго лице, кое им се заканувало на газдите, колегите и членовите на нивните семејства доколку се мешаат со Салваторе. Им стана јасно дека мора да му дозволат да прима плата без никакви работни обврски.

Деталите за случајот ги истражува обвинителството, а покрај „серискиот неработник“, како што го повика локалниот печат, обвинети се уште шестмина вработени во таа здравствена установа, меѓу кои и двајца шефови.

Прегледи:
160
Објавено на:
28.04.2021