Категории

Не одете по чекорите на другите луѓе – Нека вашиот пат биде само ваш!

Секој од нас има различен пат и различна цел. Тоа што некој моментално чекори заедно со нас, не значи дека има иста цел.

Не одете ги чекорите на другите луѓе. Не живејте живот кој не ви припаѓа вам. Секој од нас е создаден да направи нешто подобро и поинакво, нешто кое никој друг не успеал да го направи, но ако станеме само уште копија во низата, многу брзо ќе бидеме заборавени.
Само кога сте доволно храбри да го погледнете сомнежот во очи и да го предизвикате да ве доведе до искушение да бидете поразлични, само тогаш ќе станете поголеми од животот и ќе стигнете до величенствена победа.

Се се случува во вистинско време, нити секунда порано или подоцна. Немојте да ги брзате нештата. Немојте да се жалите на малите удари, ништо големо не може да биде постигнато доколку е се мирно и еднолично.
Што и да се случува, никогаш немојте да тргнете по туѓ пат носејќи туѓи чевли. Чекорете по патот на вашиот живот кој сте го одредиле самите, она што се крие на вашиот крај може да е многу подобро од она кое што се криело кај другите.

Прегледи:
479
Објавено на:
23.04.2020