Категории

Не осудувајте ги другите – Никогаш не знаете вакви животни борби водат!

Еден доктор со трчање влегол во болницата откако добил итен повик да изврши доста тешка операција на едно дете..

Еден доктор со трчање влегол во болницата откако добил итен повик да изврши доста тешка операција на едно дете. Веднаш го облекол својот хируршки мантил и се упатил во оперционата сала.

Во ходникот пред салата го затекнал таткото на детето разбеснет како нервозно чекори горе долу по салата. Веднаш откако го здогледал докторот дотрчал до него дерејќи му се: „Зошто ви требаше толку време? Зарем не знаете дека животот на мојот син е во опасност? Каде е вашето чувство за одговорност спрема другите? Каков доктор сте вие?“

Докторот со искрено жалење одговорил: „Навистина се извинувам, но веднаш штом го добив повикот пристигнав најбрзо што можев. Не можев да дојдам побрзо. А сега би ве замолил да се смирите за да можам на мир да ја извршам својата работа.“

„Да се смирам? Како да се смирам? А што ќе беше ако вашиот син беше во таа операциона сака, дали вие би се смириле? Ако вашиот син умира како вие би се однесувале?“ – бесно извикал таткото.

Операцијата траела неколку часа и докторот конечно излегол целиот насмеан и пресреќен. „Фала му на Бога, вашиот син е надвор од животна опасност!“ И без да ја почека реакцијата на таткото на детето, излегол со брзање од болницата. Во брзањето само довикнал „Ако имате некакви прашања, прашајте ја медицинската сестра.“

„Зошто е овој доктор толку арогантен? Не можеше да почека нити неколку минути да го прашам за состојбата на мојот син!“ – и рекол таткото на медицинската сестра која само што излегувала од операционата сала.

Медицинската сестра одговорила: „Неговиот син вчера погина во сообраќајна несреќа. Беше на неговиот погреб кога му се јавив за да дојде за итната операција на вашиот син. И сега откако му го спаси животот, истрча назад на погребот на својот.“

Прегледи:
582
Објавено на:
15.09.2021