Категории

Не паѓајте во очај доколку сте сингл – љубовта доаѓа кога вистински треба!

Кога ќе настапи вистинско време, спонтано ќе го запознаете господинот „вистински“

Додека вашите пријатели од ден на ден ве заслепуваат со своите веренички прстени и постојано зборуваат за тоа колку нивниот драг е совршен, не можете а да не помислите барем понекогаш, што не е во ред со мене?

За среќа, одма ве известуваме дека тоа не е вистина. Постои голема можност, после долго време поминати со статус сингл, да сте развиле фобија од врзување. Премногу ви се допаѓа вашата слобода и самостојност, па кога чувствувате потреба за партнер и стабилна врска, мислите дека со вас нешто не е во ред и морате да се промените.

Една работа која морате да ја промените е ставот. Да се отворите кон нови прилики и нови луѓе.
Најверојатно некои од овие нешта се причината поради која сеуште сте со статус сингл.

Тешко ви е да се посветите
Додека без проблем се посветувате на својата работа, хоби, учење, сметате дека имањето партнер би значело ограничување на слободата. Но тоа не мора да биде така. Вие сте тие кои одредувате колку ќе дадете од себе и на кој начин. Важно е да го пронајдете темпото кое ќе ви одговара.

Секогаш „паѓате“ на погрешните
Истражувањата покажуваат дека многу жени „паѓаат“ на лоши момци и женкари, и тоа е главната причина поради која се плашат да се врзат. Другиот пат речете му „не!“ на таквиот фраер и погледнете наоколу кон оние старомодни романтичари.

Се плашите да бидете оставени
За жал, ова е често причина која доаѓа од минатото. Морате да сфатите дека не постојат две исти особи на светот и понекогаш е вредно повторно да се ризикува дури и кога вашето срце е повредено.

Прегледи:
531
Објавено на:
16.09.2019