Категории

Не плашете се да го изгубите дечкото кому му е сеедно дали ќе ве изгуби вас

Дали тој постојано ви праќа измешани сигнали и ве збунува со неговото променливо однесување? Дали тој едно вели, друго мисли, а трето прави? Дали тој еден ден ви изјавува љубов, а утредента заборава дека постоите? Дали тој ве бакнува толку силно што ви се поматува разумот, но веднаш потоа ви го крши срцето со тоа што бакнува друга? Не плашете се да го изгубите ваквиот дечко.

Не плашете се да го изгубите доколку тој ве смета за негова девојка само зад затворени врати, а ве игнорира кога ќе се сретнете во јавност. Тој е себичен и секогаш се става себеси на прво место. Тој не смее да ви поставува услови. Не смее да доаѓа и да си оди кога ќе посака. Не смее да се однесува со вас како да сте опција, а не приоритет.

Не плашете се да го изгубите дечкото кој очекува постојано да му угодувате, а се нервира кога ќе одбиете да ги исполните неговите барања. Ослободете се од него ако дава ветувања, а не ги исполнува. Не ви треба човек кој ве повредува со неговите зборови и си игра со вашето срце.

Не плашете се да го изгубите дечкото кому не му значите ништо. И вие знаете дека тоа е така, бидејќи не му гајле кога ќе му кажете дека сте болни и на вашите огромни реферати враќа со два збора. Вие постојано му признавате колку ви значи, а тој упорно ве предизвикува тоа да му го докажете. Тој одговара со молк на вашите нежни зборови.

Со текот на времето, вие престанувате да се сакате самите себе. Посакувате да се претворите во нешто што не сте, во некоја друга девојка која тој можеби би можел да ја сака. Постепено почнувате да се презирате себеси поради тоа што не сте доволно убави, паметни и добри. Се чувствувате како тој да ве крие од целиот свет, наместо гордо да ве покажува. Постојано прави да се чувствувате беспомошно и фрустрирано, а тоа не ви треба во животот.

Почнувате да се обвинувате себеси поради тоа што не можете да одолеете на неговиот шарм и упорно верувате на секој збор што ќе излезе од неговата уста. Чувствувате вина поради тоа што го сакате иако знаете дека заслужувате подобро.

Ослободете се од таквиот човек и почнете да се сакате себеси наместо оној кој никогаш нема да може да ве засака. Заминете си без да се свртите назад и сфатете дека сета љубов што ви треба, живее во вашето срце. Дајте си го себеси она што го заслужувате.

Вие треба самоуверено да чекорите низ животот, гордо да ги поминувате сите пречки што ќе ви застанат на патот и да се однесувате достоинствено како кралица. Живејте живот без граници и самите создавајте си го патот додека бестрашно јурите по вашите соништа.

Не плашете се да го изгубите дечкото кому му е сеедно дали ќе ве изгуби вас, бидејќи кога ќе размислите подобро, тоа не е ваша загуба. Загубата е негова.

Прегледи:
430
Објавено на:
11.03.2017