Не поминувај океани за оние кои за тебе не поминуваат ни мост!

Мојата мајка еднаш ми кажа дека влегла во соба каде што неколку пријателки зборувале за неа, тие не знаеле дека таа е таму. Таа само одмавнала со главата, се насмевнала и заминала.

Мојата мајка исто така ми кажуваше дека таа имала пријателка која зборувала лошо за неа, таа никогаш не откри дека мама знае за тоа, мојата мајка никогаш не го спомна тоа. Таа само се насмевна и го остави ова пријателство.

Таа ми рече дека имала семејство кое избра да ја исфрли од нивниот живот затоа што застана за себе за промена. И затоа што таа престана да ги преминува океаните за нив кога тие дури и не и помогнаа да премине мост. Таа се насмевна, ја одмавна главата и си отиде.

Затоа ја прашав како таа може да се оддалечи од луѓето што ја изневерија додека се преправале дека се нејзини пријатели или семејство. Таа одговори дека секојпат кога ќе дојде на ваков крстопат, таа треба да одлучи кој ќе земе на нејзиното патување со неа. Таа ми објасни дека никогаш не треба да се лутиш на личност која те изневерила, дури и ако се работи за некој од семејството. Само продолжи грациозно и уживај во патувањето со сите нови личности кои ќе сретнеш по патот.

 

 

Преземено од: Семе Синапово




Коментари

коментари