Категории

Не постои љубов на прв поглед!

Стручњаците тврдат дека љубовта на прв поглед не постои и дека се работи за почетна привлечност, односно страст. Во едно истражување љубовта на прв поглед најчесто ја доживуваат мажите но, ниедна не е взаемна.

Додека многумина веруваат во љубов на прв поглед, стручњаците тврдат дека тоа не е постои, ова го докажа студијата објавена во списанието Journal of the international association for relationship research. Во истражувањето учествувале 200 испитаници кои излегле на состаноци после што опишале каква врста на привлечност почувствувале спрема партнерите во текот на состаноците.
Истражувањето било поделено на три фази: анкета преку интернет, лабораториска студија и состаноци во живот кои не траеле подолго од 90 минути.

После состаноците, испитаниците биле запрашани дали почувстувале нешто како љубов на прв поглед и колку таа личност им е физички привлечна. Во обзир се земени трите компоненти: интимност, предаденост и страст. Само 32 испитаници рекле дека почувствувале љубов на прв поглед а најзастапена била компонентата привлечност. Во истражувањето исто така учествувале 60 проценти жени, но љубов на прв поглед во главно доживеале само мажите, и ниедна не била взаемна.

 

Прегледи:
593
Објавено на:
22.09.2019