Категории

Не постои мало зло! – Приказна која треба да ја запомните!

Имате толку малку време за воспитување на вашите деца, не дозволувајте тоа да помине а да не ги научат најважните нешта!

Во едно семејство дошло до расправа околу тоа кој филм ќе се земе од видеотека.
Таткото бил против затоа што слушнал дека одреден филм кој го избрале децата имал насилство. Иако тие се обидувале да го натераат да прифати кажувајќи му дека тоа е само во мал дел од филмот, и всушност филмот е супер и сите зборуваат за него.
Таткото тврдоглаво не сакал да прифати.

Утредента кога децата се вратиле дома ги дочекал пријатен мирис на колачи – оние кои најмногу ги сакале.

Таткото им рекол: -„Еве деца, да се искупам за тоа што вчера не ви дозволив да го гледате филмот, ви испеков колачи кои најмногу ги сакате.“

„Ги правев по стариот рецепт само овој пат направив мал исклучок. Додадов мала количина состојки од кантата за ѓубре. Но не грижете се, тој мал гнасен ден нема нити да го почувствувате. Верувајте толку е мал што нема да го промени вкусот на колачите.“

Децата секако со гадење ги одбиле колачите, но ја сфатиле пораката.

Нема зло кое е мало!

Имате толку малку време за воспитување на вашите деца, не дозволувајте тоа да помине а да не ги научат најважните нешта!