Категории

Не постојат случајни средби…

Секој кој влегува во нашиот живот, доаѓа со причина

Кога некој ќе застане на нашиот пат, ни носи некоја порака. Случајни средби не постојат. Но, дали ќе бидеме во состојба да примиме порака, зависи од тоа како ќе одговориме на овие средби. Ако разговараме со некој кој застанал на нашиот пат и не гледаме порака која се однесува на нашиот моментален проблем, тоа не значи дека пораката не постои. Тоа значи дека од некоја причина сме ја пропуштиле.
Дали некогаш се случило да налеташ на некој стар пријател или познаник, разговараш со него и продолжуваш понатаму, а тогаш повторно го сретнуваш истиот ден или истата недела? И што обично велиш?
„Интересно е тоа што повотрно се сретнавме“ , се насмевнуваш и продолжуваш понатаму.
Се вели дека во таква ситуација мораме да застанеме и да ја откриеме пораката која таа личност ја носи за нас, и пораката која ја имаме за неа. Се вели дека во такви мигови треба да застанеме и да се замислиме, секоја средба се случува поради некоја причина.

Прегледи:
630
Објавено на:
17.12.2019