Категории

Не прифаќајте сѐ и сешто во вашиот живот од страв дека ќе останете сами

Не се плашете да останете сами! Ако умеете да сакате тогаш вие поседувате нешто толку скапоцено кое би било вистинска штета да биде потрошено на некој кој не го цени тоа. 

Луѓето пуштаат во својот живот се и сешто затоа што не се научиле да го ценат своето време и затоа што се откажале уште пред самиот почеток од својот подобар живот. Пуштаат сешто затоа што немаат почит спрема себеси затоа што стравот од самотија и изгубеноста се поголеми од желбата за нешто подобро и поубаво за кое не се желни да го побараат.

Не сфаќаат дека малите нешта можат да направат голема штета затоа што не се свесни дека можат да бидат сакани онака како што посакуваат и заслужуваат. Изгубени се во својот лавиринт и веќе не знаат што всушност бараат од животот. Пуштаат се и сешто во својот живот затоа што само очајнички се обидуваат да бидат сакани.

Не се плашете да останете сами! Ако умеете да сакате тогаш вие поседувате нешто толку скапоцено кое би било вистинска штета да биде потрошено на некој кој не го цени тоа.
Немојте да дозволувате во вашиот живот да влегуваат секакви личности, кои само ќе земаат од вас без да понудат ништо. Бидете трпеливи, немојте да се задоволувате со нечии капки, кога некој може да ви го даде целиот извор.

Прегледи:
279
Објавено на:
19.03.2020