Категории

Не сакам да се задоволам со просечна врска без страст

Можеби не е љубов тоа што го барам, туку сакам да бидам толку посебна за некого кој би направил сѐ само за да ме добие и да ме задржи.

„Таа е посебен вид на жена. Таа има способност да биде ѕид и темел. Таа е жена која ќе се жртвува за сопствената среќа, ќе го поддржува вашиот најголем сон и ќе биде вашиот најверен фан. Таа е онаа која ќе ве инспирира, мотивира и поттикнува да бидете подобра личност во секој аспект од вашиот живот.

Таа е жена која ќе се бори нештата да функционираат и никогаш нема да прифати лесен излез. Таа е посебен вид на жена. Верна е, интелигентна и страствена во животот. Таа има душа. Таа има златно срце и знае како да сака безусловно. Таа е толку посебна што не заслужува помалку од крал.“

Понекогаш мислам дека можеби не сум предодредена за љубов. Претпоставувам дека не е во прашање љубов туку реципрочна љубов или барем вид на љубов која би натерала некој да направи се за да биде со мене.
Чувството кое ги инспирира двајца луѓе да поместат и планини за да ја направат својата љубов релна како изгревањето на сонцето.

Можеби мојот проблем е во тоа што едноставно мислам дека љубовта треба да биде магична – а не логична. Мојата душа страда за електрицитет, искри, поезија и бакнеж на сродната душа поради која целиот свет исчезнува.

Сепак, што и да направам, колку и да пружам таква љубов на другите, никогаш не ја добивам за возврат.
Никогаш не сум јас таа која седи од спротива на некој додека ми ја држи раката и ми зборува: „Душо, не постои ништо на овој свет што не би направил за тебе, ти си најважното нешто во мојот живот.“

Понекогаш мислам дека никогаш нема да бидам сакана и ќе останам сама засекогаш. Претпоставувам дека на некој начин тоа е имоја грешка затоа што секогаш го гледам светлото дури и во темнината. Никогаш не се фокусирам на причините зошто нештата не функционираат онака како што треба, само на причините зошто би требале да функционираат.
Секогаш сум била романтична, некој кој сака драматичен климакс во филмовите кога се се чини изгубено, а љубовта победува. Врста на жена која сака мажот да вози со часови само за да дојде до неа и да ја бакне, или да ме разбуди на среден ноќ само затоа што не може да го дочека утрото за да ме види.

Можеби не е љубов тоа што го барам, туку сакам да бидам толку посебна на некому да тој би направил се само за да ме добие и да ме задржи.
И не сакам да се повлечам нити центиметар затоа што не сум во состојба да прифатам ништо помалку од љубов од која ќе се заврти мојот свет и ќе се лансирам во друга димензија.
Не сакам обична љубов. Не сакам другите да ја одобруваат нашата врска само затоа што имаме заеднички нешта или затоа што тој бил добар додаток на моето семејство. не сакам некој да каже дека „имаме смисла“.

Она што го сакам е маж кој ќе ми каже дека го излудувам, полека да го убивам со љубов и реалност. Сакам маж кој ќе сака да чекори во животот само со мене и никоја друга не доаѓа во обзир. Сакам маж кој едноставно не ќе може да ме исфрли од срцето.

Мислам дека тоа што вистински го сакам е маж кој ќе се бори за мене, за нас, на ист начин на кој и јас би се борела за него.
Некој кој нема да ми кажува колку сум вредна, туку тоа ќе ми го докажува преку делата.

Не мислам дека барам премногу, и не мислам дека е лудо тоа да мислам дека љубовта расте на најчудните места и кога ќе се случи, наместо бегање, треба цврсто да застанеме со нозете на земја и да останеме одлучни да браниме нешто толку посебно.

Не знам што ќе донесе утре. Не знам ни дали некогаш ќе бидам сакана на начин на кој треба да бидам. Можеби не сум предодредена за љубов. Можеби сум предодредена да го поминам овој живот сама, давајќи безусловна љубов како подарок на оние кои ќе ги сретнам на патот.

Можеби само во својата самотија можам да сакам онака како што сакам – затоа што тоа е чисто и е незапирлива сила.
Што се однесува до мене, претпочитам да ги поминам своите денови сама верувајќи во оваа неуредна, несовршена, тешка визија на љубовта отколку да се задоволам со вкусот на партнерство без страст.

-Кејт Роуз

Прегледи:
688
Објавено на:
27.02.2020