НЕ САМО МОРКОВОТ: Еве кои намирници се МНОГУ ДОБРИ за ВИДОТ!

Можете да бирате!

Иако постојано во детството ни кажуваа дека треба да јадеме што е можно повеќе моркови за да гледаме подобро, вистината е дека морковите не се единствената намирница што го подобрува здравјето на очите. Еве што треба да јадете за да гледате подобро.

 

Како што старееме, се повеќе се фокусираме на здравјето на срцето, коските и мозокот и на некој начин го занемаруваме здравјето на очите, што во никој случај не е во ред. Одржувањето на здравјето на очите е многу важно затоа што на тој начин превентивно влијаеме на заболувањата поврзани со стареењето, како што се макуларната дегенерација, губење на видот, суво око, катаракта и проблеми со ноќното гледање. Прочитајте што експертите препорачуваат да јадете ако сакате да внимавате на здравјето на очите.

 

Зелен лиснат зеленчук

За да се спречи појава на болест како што е макуларната дегенерација, состојба која предизвикуваат прогресивно оштетување на мрежницата што со тек на време доведува до губење на видот, треба да јадете што повеќе зелен лиснат зеленчук како блитва, зелка и спанаќ. Ова се должи на лутеинот и циксантинот, две многу важни хранливи материи кои функционираат во организмот како антиоксиданти и ги штитат очите од можни оштетувања.

 

Благ компир или батат

Всушност, целиот зеленчук што е со портокалова боја треба да биде на вашето мени ако внимавате на здравјето на очите. Портокаловата боја се должи на бета-каротин, една форма на витамин А за кој знаеме дека е многу добар за видот. Бета-каротин особено помага да се задржи ноќното гледање на завидно ниво.

 

Мрсна риба

Омега 3 масните киселини кои се наоѓаат во големи количини кај мрсната риба како лосос, сардини и туна имаат многу здравствени придобивки за нас, вклучително и здравјето на очите. Многу истражувања покажаа дека омега 3 масните киселини имаат превентивно дејство врз макуларната дегенерација и синдромот на суво око.

 

Брокула

Овој зеленчук е познат дека го штити организмот од срцеви и канцерогени заболувања, но е подеднакво важен и за здравјето на очите. Покрај лутеин и зиксантин, брокулата содржи и витамин Ц кој е исто така важен за здравјето на очите.




Коментари

коментари