Не се задоволувај со ништо помалку – Вака изгледа вистинската љубов

Заљуби се во некој кој нема да направи да чувствуваш дека си личност која не може да биде сакана. Дај му го срцето на оној кој нема да те нарече слаб доколку ги искажеш своите чувства, некој кој ќе го обожава кревкото суштество сокриено во тебе и ќе се бори да го заштити од суровоста на светот.

Заљуби се во некој кој те избира тебе со истата доверба како што и ти го избираш него. Избери ја личноста која те подигнува кога нештата ќе станат тешки, кога ќе се најдеш на дното и немат сила да се исправиш, нека тоа биде личност која секогаш ќе пружи својата рака кон тебе.

Заљуби се во некој кој ги гледа војните во тебе и сепак избира да остане покрај тебе и да ти помогне да се избориш со нив. Некој кој ја прифаќа твојата темнина и ја поттикнува твојата светлина, некој кој секогаш сака да го види најдоброто во тебе. Некој кој ќе те потсетува колку си прекрасна личност дури и тогаш кога мислиш дека не си.

Заљуби се во некој кој нема да направи да чувствуваш дека си личност која не може да биде сакана. Дај му го срцето на оној кој нема да те нарече слаб доколку ги искажеш своите чувства, некој кој ќе го обожава кревкото суштество сокриено во тебе и ќе се бори да го заштити од суровоста на светот.

Заљуби се во некој кој те предизвикува, те инспирира да растеш. Некој кој ја оживува дивината во тебе. Некој кој ги почитува твоите промени затоа што знае дека имаш потенцијал за многу повеќе.
Никогаш немој да се задоволиш со ништо помалку. Продолжи да чекаш. Учи за себеси, откривај ги своите страсти, стои исправено за она во кое веруваш.
Кога ќе дојде вистинското време некој ќе се заљуби во тебе поради сето тоа, и конечно ќе сфатиш зошто си требал да чекаш толку долго.




Коментари

[fbcomments]