Категории

Не секоја промена во животот е застрашувачка – Цветот кој ја открива вистинската смисла на животот

Дали некогаш сте се се запрашле како од преубавиот жолт цвет, глуварчето се претвора во бел прав кој го разнесува ветрот?

Дали некогаш сте се се запрашле како од преубавиот жолт цвет, глуварчето се претвора во бел прав кој го разнесува ветрот?
Во едно глуварче е сокриена сета тајна на природата и апсолутната тајна на животот.
Животот е еден голем циклус. Кога нешто умира, нешто ново почнува да се раѓа. Тоа се однесува и на буквалниот циклус на животот и смртта,но и на нашата реакција на многу животни убавини и предизвици.

Глуварчето во првите денови на пролетта го краси полето како едно малечко Сонце.
Тоа делува како сончева светлина која е просипана по тревата. Сепак, времето тече. Времето донесува и однесува во животот на секој од нас, па така и во животот на едно глуварче.

Една вечер глуварчето ќе го затвори својот цвет и едно утро нема повеќе никогаш да го отвори.
Жолтата магија исчезнува, останува само сокриениот свет помеѓу листовите. Цветот кој ја чека својата нова фаза, новиот почеток на својот живот.

Еден ден глуварчето се отвора, но тоа е потполно поинакво. Се одликува со малечки снегулки кои ветрот ќе ги дувне по зелените полиња. Снегулките ќе ги дувне некое дете или возрасна личност заробена во својот сон.

Тие заминуваат а со нив и дел од глуварчето. Но тоа е и понатаму убаво. Тоа достоинствено ја чека промената, ја прифаќа и е отворено за неа како и целата природа. Се менува, се развива во согласност со својот животен циклус.

Многу од тие снегулки ќе се претворат во нови глуварчиња и циклусот на животот продолжува да тече.

Оваа приказна нека ве потсети на тоа дека секоја промена е шанса да достигнете нешто ново. Секоја промена менува и дел од вашата душа, вашиот животен пат или смисла. Колку таа на почетокот да изгледа застрашувачка, со текот на времето ќе донесе нешто сосема прекрасно и божествено.

Погледнете го ова видео и ќе ја сфатите прекрасната смисла за се што се случува во животот.

 

Прегледи:
98
Објавено на:
26.06.2020