Не си роден за да бидеш како другите – роден си за да бидеш СВОЈ!

Не си роден за да бидеш како другите, престани да се смалуваш себеси за да се вклопиш во нивните тесни видици.

Единствена шанса која ја имаш е овој миг, единствена прилика во која можеш да ги реализираш сите свои таленти. Единствена шанса во која можеш да има кажеш што чувствуваш на сите оние кои ти значат. Не си роден за да го замолкнуваш гласот во себе кој ти кажува што треба да правиш и да им робуваш на туѓите мислења за тоа што е исправно за тебе.

Не си роден за да ја трпиш туѓата негативност и да молчиш на нивните навреди. Да се задоволуваш со просечноста на твојот живот. Повлечи црта еднаш засекогаш и со тоа дај им до знаење дека оној кој се осмели да ја премине нема повеќе да има место во твојот живот. Стави крај на сите оние кои ја црпат твојата енергија и да оставаат празен, безнадежен и слаб.

Не си роден за да го следиш патотот на другите, роден си да создадеш свој пат а твоето срце да биде твојот единствен водич. Не си роден за да бидеш како другите, престани да се смалуваш себеси за да се вклопиш во нивните тесни видици. Роден си за да бидеш свој и да господариш со својот живот. Имаш шанса да испишеш приказна која ќе биде поинаква и посебна, перото е во твоите раце, немој да ја пропуштиш!




Коментари

[fbcomments]