Категории

„Не си сам!“ – Кукла од Памук

„Дојди ми со сите победи и порази и заспиј ми на рамото, успиј го гневот до мене, утре ќе војуваме повторно.
Дојди ми со уста полна крв и зборови како распарчено стакло кои ги проголта заедно со твојата совест..
Дојди ми со сите непријатели кои живеат во тебе и секоја секунда ја копаат се подлабоко
дупката која ќе е твојот гроб, да ги поразиме заедно.
Дојди ми со сите солзи удавени во океаните на твојата душа,
со спиртот кој ти го гори грлото и те остава во апатија секое утро.
Дојди ми со болките, со сите краеви и безволија,
со сите борби и примирја, со сите пеколи и жртвувања..
Не си сам! “

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/