Не си сам во твојата тага – Пред тебе те очекува ден кога повеќе нема да ја чувствуваш

Што и да се случува во твојот живот знај дека не си сам, и знај дека ќе бидеш добро. 

Не знам каква тежина носи твоето срце. Не знам низ што поминуваш во овој миг, само сакам да те потсетам дека не си сам. Она кое го искусуваш во овој миг е поразлично од се, но верувај дека таму некаде постои личност која искусила нешто слично.
Можеби токму во овој момент некој друг го доживува истото што и ти.

Ќе го пронајдеш местото каде што припаѓаш. Верувај си на себеси. Зборувај со себе како да си најдобриот пријател. Верувај во себе. Што и да се случува во твојот живот знај дека не си сам, и знај дека ќе бидеш добро. Времето поминува, никогаш не застанало и нема да застане.

Нема да застане ни за оваа болка. Со секој нов ден ќе ја чувствуваш се помалку. Верувај, пред тебе те чека ден кога ќе се чувствуваш полесно. Верувај!




Коментари

[fbcomments]