Категории

Не си силен кога владееш со другите, туку кога владееш со себеси!

Силен си тогаш кога имаш потполна контрола врз себеси и своите чувства. 

Силен си тогаш кога имаш потполна контрола врз себеси и своите чувства. Тогаш кога знаеш како да манипулираш со своите фрустрации и незадоволства, тогаш кога ги претвораш во свое најсилно оружје на патот до остварувањето на целите. Силен си кога ќе престанеш да мислиш дека животот е одговорен за сите нешта и ти треба сами мирно да чекаш се да дојде до тебе, наместо тоа, превземаш одговорност и сам се бориш за она што сметаш дека ти припаѓа.

Не си силен кога умееш да владееш со другите и да си поигруваш со нивните чувства, тогаш си толку слаб што си го достигнал дното. Си дозволил да зависиш од туѓата состојба, си станал роб на желбата да поседуваш некого а всушност самиот си се заплеткал во тие канџи.

Силен си кога ќе престанеш да бараш одобрување од другите, кога ќе престанеш да го исчекуваш нивниот аплауз и бодрење, кога си сам на својот пат и чекориш толку силно и храбро како зад тебе да стои цела армија.
Силен си кога и покрај тоа што никој не те поддржува, продолжуваш да се бориш за она во кое веруваш.

Силен си кога само одлучуваш за сопствениот живот, и ги контролираш своите чувства, тогаш си толку силен, дури и опасно непобедлив.