Не сте се родиле за да им удоволувате на другите – Престанете да се грижите што мислат за вас

Програмирани сме на тој начин да учествуваме во толпата и да се фокусираме на креирање на својот имиџ – некогаш имиџот бил резервиран само за ѕвездите, за познатите, а сега секој креира слика за себеси која сака да ја прикаже по пат на друштвените медиуми. Сите нешто објавуваме, претставуваме и прикажуваме..

Бројот на лајкови добиени за некоја слика или објава е директен одраз на успешноста на вашето проектирање на сликата за себеси. Бројот на следбеници и пријатели на друштвените мрежи и допадливоста на вашите објави го враќаат одразот на вашиот имиџ – им се допаѓате што значи дозволено ви е да се чувствувате добро поради себеси.

Дел од нашата потреба е да бидеме прифатени лежи во претставувањето – на единката и е потребно да биде прифатена за да чувствува сигурност, за да биде заштитена и негувата, за да го добие сето она кое и е потребно за да преживее.
Тежнееме да припаѓаме не само во семејството, туку и во групите, здруженијата, организирананите движења на оние кои имаат слични интереси и цели, тежнееме да стекнеме поддршката во потесната или пошироката заедница за да се чувствуваме прифатено, односно да можеме да си обезбедиме емсто во друштвото.

Во таа мисла, спремни сме ако не можеме да се промениме себеси, да ги пригушиме или барем прикриеме оние аспекти од нашата личност или живот поради кои би биле осудени. Подготвени сме да сториме насилство врз себеси за другите да не сакаат. И туак се губиме и се забораваме себеси – правиме се што е во наша моќ за другите да не сакаат наместо да работиме на тоа да почнеме да се сакаме себеси.

И на крајот, во огледалото сме соочени со личноста која напорно работи, толку што веќе не ни личи на себеси. Поради тоа е неопходно да престанете да водите грижа за тоа што другите мислат како ве гледаат.
Како да го направите тоа? Така што ќе ги признете своите чувства и ќе ги вреднувате, наместо постојано да се прашувате што другите чувствуваат и кои се нивните вредности. Така ќе ја препознаете својата сопствена величина, онаа која можеби другите не ја гледаат и ќе ја прифатите онаква каква што е.

Сите имаат свое место на светот, а ако чувствувате дека другите ве осудуваат и прават да се чувствувате помалку вредни отколку што сте и да добивате помалку отколку што заслужувате, тогаш тоа не е вашето место и треба да се поместите од истото, да го пронајдете она на кое се чувствувате добро поради себе.

За да престанете да се грижите за тоа што другите мислат и вреднуваат, морате да ги насочите вашите цели и да прифатите дека не се вклопувате до крај, нити дека другите сосема се вклопуваат во вашата слика.

Вашиот живот не треба да им се допаѓа на другите, тие имаат свои животи – кои не мораат да ви се допаѓаат вам. Пронајдете ја својата цел и држете се до неа, затоа што на крајот од денот на тој начин не се одвојувате од својата автентичност и останувате верни на себеси. Оние кои ве сакаат ќе ве ценат поради вашата слобода да бидете она што сте и ќе ја имате нивната поддршка и восхит.




Коментари

[fbcomments]