Категории

Не суди за постапките на другите – Секој ја живее реалноста на свој сопствен начин

Вистината е во тоа што секој човек на оваа планета чувствува поинаку, на свој сопствен начин.

Вистината е во тоа што секој човек на оваа планета чувствува поинаку, на свој сопствен начин.
Понекогаш нема да се согласуваш со нечиј начин на размислување или ситуација, како што и другите нема да се согласуваат со тоа како ти ги гледаш некои нешта.

Но едно е важно кое треба да го запомнеш. Нештата нема секогаш да бидат онака како што посакуваш, и нема секогаш да имаш контрола врз нивниот исход, но секогаш можеш да го контролираш начинот на кој ќе реагираш на нив.

Секој од нас е различен и всушност можеш да научиш многу нешта од тоа како другите чувствуват и зошто ги прават некои нешта на начинот на кој ги прават само обидувајќи се да ги разбереш нивните причини.

Комуницира, слушај и учи. Немој да забораваш дека и другите страдаат, исто како ти. Можеби не секој го покажува тоа и се справува на свој сопствен начин кој можеби не го разбираш.
Реалноста секогаш доаѓа во повеќе облици. Иако сите живееме во неа, секој ја доживува на различен начин.

Прегледи:
41
Објавено на:
21.08.2020