Категории

Не троши ја љубовта на некој кој не е подготвен да ти возврати со иста мера

Затоа немој да ги даваш најубавите делови од себеси на некој кој не ја гледа вистинската вредност на она што го добива.

Нешто што треба да се сфати во љубовта е тоа дека не можеш да продолжиш да избираш некој кој не те избира тебе. Не можеш. Затоа што личноста која е наменета за тебе ќе биде личност за целиот живот, а не само кога си млад и кога нештата се совршени, туку и тогаш кога ќе загусти, и кога ќе направиш грешки и кога твојот живот ќе биде потполен хаос.

Мораш да пронајдеш некој за кого ќе знаеш дека ќе остане покрај тебе без да мораш да го задржуваш таму. Некој кој ќе те поддржува и охрабрува. Некој кој ќе вложува во тебе онолку колку што ти вложуваш во него.
Некој кој ќе сака да го слуша твоето смеење, но и некој кој ќе биде подготвен да ги бриши твоите солзи. Некој со кого ќе се шегуваш но и некој со кого ќе бидеш подготвен да му се спротивставиш на светот.

Затоа што животот е тежок и се случуваат непредвидливи нешта, но љубовта е онаа која секогаш треба да остане исправена на нозе.
Љубовта треба да те држи за рака додека беснее бурата.
Затоа немој да ги даваш најубавите делови од себеси на некој кој не ја гледа вистинската вредност на она што го добива. Немој никогаш да прифаќаш некој со кого нема да можете да ги прочитате мислите со само еден поглед.

Прегледи:
89
Објавено на:
01.09.2020