Категории

Не верувам во љубов на прв поглед – Верувам во љубов на прва насмевка, солза и разговор..

Не верувам во вљубување во лице, верувам во вљубување во мисли и душа.  

Не верувам во љубов на прв поглед.
Но верувам во љубов на прв разговор, препирка, прва шега и искрена насмевка. Верувам во љубов на прв излив на чувства, солзи и споделување на болката.

Верувам во љубов на искрени зборови, на чудна тишина.
Верувам во љубов на прва прегратка.
Верувам во љубов на поддршка низ тешкотиите, прва споделена тага и радост.
Не верувам во вљубување во лице, верувам во вљубување во мисли и душа.

Прегледи:
244
Објавено на:
24.08.2020