Категории

Не влегувајте во вода веднаш после оброкот! И уште 4 работи кои буквално можат да ви го спасат животот

Многумина спасот од жештината го наоѓаат со капење во реките, езерата, или па на море, но треба да бидете внимателни кога влегувате во вода бидејќи некои ситуации можат да завршат фатално.

Не влегувајте во вода веднаш после оброкот

Многумина после подолг престој на сонце, без разлика дали се сончаат или прават нешто друго, скокаат во вода за да се освежат и оладат.

Секогаш треба постепено да влегувате во вода, давајќи му можност на телото да се прилагоди, без оглед колку е топло морето или некоја друга водена површина. Инаку, кога сме изложени на ладна вода, нашето тело може да доживее шок, што понекогаш може да биде и фатален.

 

Не консумирајте алкохол пред или за време на капењето

Конзумирањето на алкохол е едно од главните фактори за ризик од давење, како за младите така и за возрасните, и дефинитивно треба да го избегнувате.

 

Ако имате здравствени проблеми, влезете во вода со друштво

Ако сте хроничен пациент или имате сериозна болест, не треба да се капете самостојно, туку бидете сигурни дека секогаш има близу луѓе кои можат да ви помогнат.

 

Не ги губете децата од вид

Постојат многу опасности на плажите, па затоа децата секогаш треба да ви бидат на вид.

 

Внимавајте каде и како скокате

Секогаш бидете сигурни дека водата во која скокате е доволно длабока, особено ако планирате да скокате со глава. Најбезбедно е да скокате на нозе.

 

Во случај на проблеми …

Ако доживеете несреќа при пливање, останете мирни, лебдете на грб и мавтајте со едната рака за да повикате помош.

Прегледи:
398
Објавено на:
20.08.2019