Категории

Не заборавај дека најважната личност во твојот живот си самиот ТИ

Времето не лечи ништо. Времето само прави да заборавиш и ги прави сеќавањата избледени и матни. Лекувањето останува во твоите раце – немој да чекаш некој друг да го стори тоа место тебе.
Немој да ги трошиш залудно твоите „те сакам“. Колку почесто и полесно ги изговараш пред луѓето кои тукушто си ги запознал, толку помало значење ќе имаат кога вистински ќе се вљубиш.

Создади листа на нешта кои сакаш да ги направиш во животот. Тоа не мора да биде нешто како да ги посетиш Хаваите. Малите нешта кои сакаш да ги постигнеш како да ја напишеш книгата која отсекогаш си посакувал, да ја бојадисаш својата соба или да пробаш некој чуден специјалитет кој отсекогаш си го посаувал. Малите нешта кои ќе направат твојата самодоверба да порасне.

Секогаш избирај мир. Ако некој се обидува да те искуши да станеш лош човек и да се однесуваш злобно како што тој постапува со тебе, немој да дозволиш да станеш како него. Верувај во времето и кармата.
Престани да бидеш суров спрема себеси и престани да очекуваш да бидеш совршена личност, затоа што никогаш нема да можеш да успееш во тоа, само ќе се разочараш. Продолжи напред и надмини ги нештата кои не те променуваат и не ти донесуваат ништо добро.

Прифати ги нештата кои не можеш да ги промениш. Прифати се и себеси како личнсот онаква каква што си. Тоа е она што те прави тебе и немој да забораваш на својата вредност, повторувај го тоа во себеси секој ден.

Прегледи:
369
Објавено на:
15.11.2020