Категории

Не заборавајте понекогаш да бидете луди

„Не е важно што се наоѓате во оган, важно е како чекорите низ него“

Еден од најпознатите американски писатели, Чарлс Буковски бил познат по тоа што сакал да го живее својот живот по свои правила. Нему не му било важно тоа што мислат другите, тој бил бунтовник, романсиер, авантурист кој секогаш го зборувал она што го мисли и тоа без влакна на јазикот.
Дефинитивно од таков човек има да се научи многу. Ова се неговите најдобри совети за фантастичен живот.

Пронајдете ја својата страст
Најдете го она што го сакате. Многу често сме изгубени во одлуките што треба да направиме во животот или што ќе каже нашето семејство и пријателите за тоа. Но избегнувајте да мислите што другите ќе мислат за вас. Пронајдете го она што го сакате и правете го тоа се до вашата смрт.

Бидете добри кон животот
Немојте да бидете сурови кон себеси, од животот го добивате она кое му го давате, а понекогаш е потребна само подобра перспектива.

Бидете луди
Не заборавајте понекогаш да бидете „луди“. Животот е премногу краток да бидете мирни и сталожени во текот на целото тоа патување. Затоа пуштете ја косата и едноставно бидете луди.

Бидете слободни
Опуштете ја својата душа и ослободете се од се што ве прави да се чувствувате заробено и спречено.

Почнете од некаде
На никому не му е грижа за вашиот сон да го спречите гладот во светот. Но што сте направиле за гладната личност на улица?

Чувствувајте се како што се чувствувате
„Многу пати сум се чувствувал лошо, и сум преживеал, едноставно понекогаш мораме да ги прифатиме нашите чувства, да се соочиме со нив, да ги доживееме и да продолжиме понатаму.“

„Не е важно тоа што се наоѓате во оган, важно е како чекорите низ него“

„Сите ќе умреме, јас тоа го сфаќам како повик за будење, а вие?“

Прегледи:
496
Објавено на:
17.01.2020