Категории

Не жали за пропуштените прилики – Она што ти припаѓа стои пред тебе

Треба еднаш да ги земаме работите во наши раце и да погледнеме подалеку од она за што се жалиме, да погледнеме во што веруваме и сакаме да бидеме.

Колку луѓе кои, во својата осаменост почнуваат да плачат за своите пропуштени соништа? Тие гледаат назад на пропуштените можности, на разочарувањата и се прашуваат зошто животот им фрлил клетва додека другите ги опсипувал со благослови? Тие се обвинуваат себеси дека можеле да направат нешто поразлично, но во моментот не ја гледаат таа шанса да направат промена, да бидат поинакви, да излезат од нивниот мал свет. Честопати мислиме дека меѓу победниците има само избрани, посебни и поразлични од другите, а всушност се оние кои одбрале да вежбаат повеќе, да работат подолго, да се потат повеќе. Честопати мислиме дека постои посебен пат што го поминале некои други луѓе, и тоа е истиот пат низ кој поминуваат сите, само што некои веднаш се откажуваат од препреките, а други не се предаваат дури и при најтешки пречки, и непредвидени околности.

Не ни треба некој секогаш да ни кажува дека сме силни и дека имаме потенцијал да ги оствариме нашите соништа. Ние го знаеме тоа. Не ни треба никој да ни каже дека тој целосно верува во нас и се предава себеси во наши раце. Ние го чувствуваме тоа.  Ние луѓето сме неверојатно моќни суштества и од друга страна имаме толкаво количество страв и сомнежи во себеси. Можеме да се соочиме со најголемите опасности, да ги издржиме најголемите катастрофи, да ги надминеме најлошите кризи, а сепак на крајот страдаме од една едноставна ситница. Треба еднаш да ги земаме работите во наши раце и да погледнеме подалеку од она за што се жалиме, да погледнеме во што веруваме и сакаме да бидеме. Треба еднаш да го создадеме животот за она што навистина го заслужуваме, ништо повеќе, и ништо помалку од тоа!

Прегледи:
278
Објавено на:
15.02.2021