Небесно сината боја низ историјата била една од симболичните бои на облеката на аристократските припадници. Таа се смета за отмена и грациозна боја која ја носеле дамите припаднички на високата класа според што станува јасно зошто фустаните на дизниевите принцези најчесто се во небесно сина боја.
А токму оваа топла сезона таа е една од омилените бои на трендсетерките и вљубеничките во модата. Можеби оваа боја се чини малку тешка за комбинирање но тоа воошто не е така.
Едноставниот и класичен outfit со бело здолниште или панталони е секогаш совршен избор за дневна варијанта и деловен изглед, додека таа изгледа неверојатно моќно со тегет и сребрена. Исто така помеѓу хит комбинациите спаѓаат и колор блок трендот, па за по впечатлив изглед можете да ја комбинирате со жолта, розова, и црвена.