Недела на квилинг: Креативна Македонија ја организира четвртата самостојна изложба на квилинг мајсторот Карло Педрони

Креативна Македонија има чест да ја организира четвртата самостојна изложба на мајсторот на Квилинг Карло Педрони. Изложбата со наслов „Недела на Квилингот“ , ќе се одржи во просториите на Креативна Македонија ( ул. Луј Пастер бр 5) од 17 до 21 јуни 2019 год од 11 до 19 ч.

На изложбата ќе бидат поставени дела од овоја автор, а присутните ќе имаат уникатна можност да се запознаат со авторот, подетално да се информираат за инспирацијата и како настанеле неговите дела, а на сите вљубеници-почетници во Квилинг техниката да им даде и по некој совет

Заинтересираните имаат можност на лице место да ја научат оваа техника  водени од самиот автор.

Авторот Карло Педрони, роден во 1946 во Скопје, по професија геодетски инженер и информатичар во пензија, се смета за ветеран во областа на Квилинг техниката и за автор кој со своите дела предизвикува големо внимание како во домашната така и во странската јавност.

Мотото на изложбата е промоција на оваа техника и влезот е бесплатен. Линкот од настанот погледнете го ТУКА.




Коментари

коментари