Неделен хороскоп (08-14 септември, 2014)

Овен

Овен

Ако вашите сништа ви изгледаат далечни и недостижни, тоа не значи дека се невозможни. Можете се да постигнете, ако направите детален план и се држите до него. Оваа недела ви нуди убав помин со вашиот партнер. Доколку сте во било какво партнерство искористете го времето  да внесете новини во истото и ќе имате далеку подобри шанси за успех.

Среќен ден: Четврток

 

Бик

Бик

Оваа недела е поволна за вашите финансиски планови доколку аплицирате за некој кредит или заем. Сепак почекајте неколку дена за да ги избегнете проблеми. Ситуацијата ќе се разбистри во четврток или петок кога ќе добиете тоа што сакате. Што се однесува до љубовта, тргнувате кон подобар период, но вложете малку повеќе напор за да ја добиете заслужената награда од партнерот.

Среќен ден: Среда

 

 

Близнаци

Близнаци

Оваа недела имајте внимателен пристап кон некој пријател или соработник кој не сака да прифати компромис. Кога овој проблем ќе го решите ве очекува убава и опуштена недела. Фокусирајте се на финансиите и поврзете се со луѓе кои се успешни во тоа што го работат. Напредок ве очекува и во љубовниот живот. Започнете да се дружите со некој кој одамна сте го симпатизирале, имате одлични шанси за успех.

Среќен ден: Сабота

 

Рак

Рак

Ве очекуваат возбудливи љубовни ситуации кои може да ве поместат од сигурната зона која сте ја изградиле. Во врска со кариерата ве очекува напредок ако се работи за некој нов проект или план. Искористете ги шансите оваа недела! Ќе забележите дека работите течат побрзо од што сте очекувале. Можна е понуда за некое патување кое нема да можете да го одбиете.

Среќен ден: Петок

 

 

Лав

Лав

Пречки и проблеми како и несогласувања со партнерот или пријателите ќе ја означат оваа недела. Немојте да се откажувате, засукајте ракави и решавајте ги проблемите еден по еден. На крајот од неделата тензијата ќе попушти и ќе се чувствувате поопуштено и попозитивно. Друштвениот живот полека ви се подобрува.

Среќен ден: Вторник

 

 

Девица

Девица

Оваа недела е поволна за посветување на вашиот духовен живот. Имате можности за да посветите повеќе време на медитација и јога. Вашата волја таквиот начин на живот да ви стане секојдневие многу добро ќе дејствува на вашето позитивно размислување и ќе ви отвори шанси на сите животни полиња. Истовремено ќе бидете опкржени со личности кои ве ценат и позитвно дејствуваат на вас.

Среќен ден: Недела

 

 

Вага

Вага

Оваа недела очекувајте вест која ќе ја предизвика вашата анксиозност и ќе ви наметне проблем кој ќе го окупира вашето време. Најверојатно се работи за некој ваш пријател. Меѓутоа нервозата полека ќе стивнува на крајот на неделата. Почетокот на неделата  е поволен за секакви промени на било кое поле од животот.Не ги пропуштајте шансите!

Среќен ден: Четврток

 

 

Шкорпија

Шкорпија

Домашните проблеми ќе бидат присутни на почетокот на неделата, но сепак имате шанси за позитивен крај. Доколку сте се бореле со фрустрација и тензија овој период ве очекува стабилизација , мир и хармонија. Што се однесува на вашиот карактер вие сте позитивни и непобедливи, па не дозволувајте ништо да дејствува против вас и вашите планови и шанси.

Среќен ден: Понеделник

 

 

Стрелец

Стрелец

Оваа недела ќе имате богат социјален живот и благодарение на добрата соработка и компромисите можен е и почеток на некоја врска.Ако имате партнер очекувајте негова импулсивност и фрустрација.Но на крајот на неделата полесно ќе комуницирате со него и ќе дојдете до саканиот резултат.

Среќен ден: Среда

 

 

Јарец

Јарец

Оваа недела ќе биде напорна за работа, затоа дајте си малку време за опуштање и соберете енергија за дополнителните задачи кои ќе трба да ги извршите. На крајот на неделата ќе ги потрошите и последните сили, но ќе успеете да завршите се до крај, дури и работите кои одамна сте ги одлагале. Немојте премногу да се оптоварувате со туѓи проблеми тоа може да ви донесе разочарување.

Среќен ден: Сабота

 

 

Водолија

Водолија

Доколку сте размуислувале да го подобрите вашиот љубовен живот на повисоко ниво, почетокот на неделава ви нуди поттик каков што ви е потебен. Имате подолг период кога ќе ви се нудат нови шанси но не чекајте предолго, ако побрзате ќе постигнете подобри резултати. Доколку некоја личност од вашата околина била тврдоглава не настојувајте да ја придобиете, полека самата ќе дојде кај вас.

Среќен ден: Вторник

 

 

Риби

Риби

Оваа недела може да биде поволна за одвикнување од лошите  и создавање на нови, подобри навики. Кога се финансиите во прашање не брзајте со подигнување на кредит или заем бидејќи ќе имате повеќе среќа на крајот на  неделава. И понатаму сте расположени за забава и уживање, посебно со помлади личности. Некоја љубовна врска ќе прерасне во нешто посериозно, страствено и поинтензивно.

Среќен ден: Среда




Коментари

коментари