Неделната агенда на најдобрата дискотека во Скопје, со многу изненадувања!

Изминатиот викенд, љубителите на ноќниот живот присуствуваа на најдобрата забава во Скопје, отворањето на најпознатата градска дискотека  Central Park summer club.

Посетеноста, одличната атмосфера и забавата до утринските часови се доказ дека Central Park summer club е она што му недостигаше на Скопје за почеток на летната сезона. Отсега, секоја недела ќе имате можност да уживате во музичката агенда на овој клуб, прилагодена за сечиј вкус.

Во среда, 9-ти мај, само за вас „Karaoke Show“ каде што Ненад Ѓоргиевски заедно со вас ќе ги отпее најпознатите хитови. Во петок, 11-ти мај за забавата ќе се погрижат Либеро Бенд, а во сабота, 12-ти мај легендата на ноќните забави, Жаре Бербер ќе ве задржи во Central Park summer club до крајот на вечерта.

Но, тоа не е се. На почетокот на јуни, Central Park summer club подготвува за сите вас уште едно големо изненадување. Познатата српска поп дива Јелена Карлеуша ќе настапи во сабота, 2-ри јуни, а веќе следната сабота, на 9-ти јуни ве очекува уште едно големо име од српската музичка сцена, Пеџа Меденица.

Резервирајте го вашето присуство навреме и подгответе се за многу забава и одлична музика!




Коментари

коментари