Категории

Недостатокот на овие супстанции во организмот предизвикува главоболка

Доколку ве мачат чести главоболки, веројатно во вашиот организам недостигаат овие супстанции

Склоноста кон мигрена ја имаат темпераментните луѓе, кои имаат ниска отпорност на стрес. Освен тоа, склоноста може да биде наследна, а појавата на главоболка може да зависи и од полот (жените патат од мигрена почесто отколку мажите). Постојаниот стрес и нервоза исто така има сериозно влијание врз здравјето. Покрај овие фактори, квалитетот на исхраната игра голема улога. Научниците открија дека недостатокот на одредени витамини и макро елементи може да биде причинител на главоболка.

1.Фолна киселина. Витамин Б12

Поради недоволна содржина на овие супстанции во телото, човекот почнува да заборава, расеан е и раздразлив. Кога ќе имаме главоболка, земаме асприн кој го снижува нивото на фолна киселина и витамин Б12.
За да го надохнадите овој недостаток, потребно е да конзумирате спанаќ, тиква, брокула, авокадо, репка, компир и јајца. Трудете се овие намирници да ги вклучите во секојдневната исхрана.

2.Бакар и железо

Исто така спаѓаат во макро елементите. До нивен недостаток најчесто доаѓа кај жените, а тоа доведува до анемија, мигрена, хипотензија, депресија и замор.
Овие важни супстанции можете да ги добиете од оревите, оризот, козјото сирење, авокадото, зелената салата, семките, џигерот и алгите.

3.Витамин Б6

Недостатокот на овој витамин доведува до развој на васкуларни заболувања. Со цел да го спречите тоа, јадете повеќе ориз, свеж зеленчук, и житарици. На тој начин ќе го зачувате здравјето на виталните органи како што се срцето и мозокот, а исто така ќе го зајакните нервиот и кардиоваскуларниот систем.

4.Витамин Д

Важен витамин кој се создава во телото кога е изложено на сончева светлина. Во периодот есен-зима, нема доволно сонце па морате да конзумирате храна богата со овој витамин, а тоа се јајцата, џигерот, морските плодови и млечните производите.

Прегледи:
441
Објавено на:
04.11.2019