Категории

Нега на кожата: 5 совети за здрава кожа

Немате време за интензивна нега на кожата? Добрата нега на кожата и здравиот избор на живот може да ви помогнат и  да го одложат природното стареење и да ги спречат разните проблеми со кожата. Започнете со овие пет совети:

  1. Заштитете се од сонцето

Еден од најважните начини да се грижи за вашата кожа е да се заштитите од сонцето. Излженоста на сонце може да предизвика брчки, дамки и други проблеми со кожата – како и да го зголеми ризикот од карцином на кожата.

За целосна заштита од сонце:

Користете крема за сончање. Користете крема за сончање со широк спектар со SPF  најмалку 15. Корстете ја кремата на секои два часа – или почесто ако пливате.

Барајте сенка. Избегнете го сонцето помеѓу 10 часот наутро и 4 часот по полноќ, кога сончевите зраци се најсилни.

Носете заштитна облека. Покријте ја кожата со цврсто ткаени кошули со долги ракави, долги панталони и капи. Размислете и за адитиви за алишта, кои на облеката му даваат дополнителен слој на ултравиолетова заштита или специјална облека за заштита од сонце – која е специјално дизајнирана да ги блокира ултравиолетовите зраци.

  1. Не пушете

Пушењето ја прави вашата кожа да изгледа постара и придонесува за појава на брчки. Пушењето ги стеснува ситните крвни садови во најоддалечените слоеви на кожата што го намалува протокот на крв. Ова исто така ја осиромашува кожата од кислород и хранливи материи кои се важни за здравјето на кожата.

Пушењето, исто така, го оштетува колагенот и еластинот – влакна кои и даваат на вашата кожа сила и еластичност. Покрај тоа, повторувачките изрази на лицето што ги правите при пушењето може да придонесат за брчки.

Исто така пушењето го зголемува ризикот од рак на кожата. Ако пушите, најдобар начин да ја заштитите кожата е да се откажете. Прашајте го вашиот лекар совети или третмани за да ви помогне да престанете да пушите.

  1. Нежно третирајте ја кожата

Ограничете го времето за бањање. Топлата вода и долгите тушеви или бањи ги отстрануваат маслата од вашата кожа. Ограничете ја вашата бања или време на туширање и користете млака – наместо топла вода.

Избегнувајте силни сапуни. Силните сапуни и детергенти можат да одземат масло од вашата кожа. Наместо тоа, изберете благи средства за чистење.

Бричете внимателно. За да ја заштитите кожата нанесете кремa за бричење, лосион или гел пред бричење. За бричење користете чист и остар  брич. Бричете во насока во која растат влакната.

Навлажнете ја сувата кожа. Ако вашата кожа е сува, користете навлажнувач што одговара на типот на кожата. За секојдневна употреба, размислете за навлажнувач што содржи SPF.

  1. Јадете здрава храна

Здравата храна може да ви помогне да изгледате и да се чувствувате најдобро. Јадете многу овошје, зеленчук, интегрални житарки и  протеини. Пиењето многу вода помага да ја задржите вашата кожата хидрирана.

  1. Управувајте со стресот

Неконтролираниот стрес може да ја направи вашата кожа по чувствителна и да предизвика појава на акни и други проблеми со кожата. Спијте доволно, поставете разумни граници,направте список со работи кои ве исполнуваат и најдете време да ги направите работите во кои уживате.

Прегледи:
715
Објавено на:
20.08.2020