Неговиот татко беше еден од најпознатите луѓе во светот, а погледнете што прави тој денес…

Ловецот на крокодили кои загина во 2006 година снимајќи го серијалот „Најопасните суштества на океанот“, Стив Ирвин, а денес неговиот син е неверојарно добар фотограф.

Како што може да очекувате, 13 годишниот Роберт Ирвин го фотографира дивиот свет. Тоа воопшто не е чудно, бидејќи пораснал опкружен со дивиот свет, а денес фотографира животни во Australia Zoo и резерватот Steve Irwin Wildlife Reserve во северна Австралија.

Љубовта кон фотографијата ја наследил исто така од неговиот татко, како што вели Роберт „Мојот татко беше исто така неверојатен фотограф. Постојано ја носеше камерата со него на неговите патувања и правеше неверојатни фотографии.“

Сега тој ја продолжува традицијата, негови фотографии се објавуваат во весници и магазини низ светот, а се изложуваат и во галерии низ Австралија.




Коментари

[fbcomments]