Негувајте ја кожата со коцки мраз!

Мразот е една од наједноставните и најдобри работи кои можете да ги користите во секојдневната нега на кожата.

Коцките мраз се еден од најбрзите начини да ја вратите свежината на лицето, за само неколку минути, а при тоа може многу да ви помогне при акни, брчки и темни кругови околу очите.
Доволно е секојдневно да идвојувате 2 минути и со кружни движења да го измасирате лицето со коцките лед. Оваа рутина е многу важна кога се во прашање летните денови и се подготвувате да излезете од домот. Уште една голема предност на ледот е тоа што го прави лицето многу нежно.Исто така, пред да го замрзнете, можете во калапот да го ставите омиленото овошје, како портокали, јаболки и слично. Тие се богати со антиоксидансите кои и се потребни на кожата.
Не е паметна идејата мразот да го ставате директно на кожата, најдобро е да го замотате во некоја тенка крпа или пешкир, па потоа да ја измасирате кожата. На овој начин можете да ја намалите количината на акни, да ги излечите изгорениците од сонце, како и воспаленијата на кожата. При тоа, масажата со коцки мраз може да го освежи вашиот тен на тој начин што ја стимулира циркулацијата.
Ако замрзнете млеко или краставица, може да ви послужат како добар и здрав пилинг за лицето, додека зелениот чај или чајот од жалфија ги ублажува темните кругови околу очите.




Коментари

коментари