Категории

Негуваната жена има повеќе самодоверба: Неделни ритуали за разубавување

За крајот на наделата дозволете си себеси малку време за себе – ефектите се непроценливи

Крајот на неделата е одлична прилика да одвоите време за себе и да се посветите на малите ритуали кои ќе ве релаксираат. Негата на лицето и телото, освен што ќе направи да изгледате подобро и ќе ви даде повеќе енергија, исто така ќе влијае и на вашата лична среќа и самодоверба. Можеби мислите дека топлата купка и чистењето на лицето немаат никаква врска со квалитетот на вашиот живот, но факт е дека среќата се крие во малите нешта, па дури и најмалата ситница која ќе ја направите за себе може ќе направи да се чувствувате добро во своја кожа во остатокот на денот. А самодовербата најповеќе зависи од надворешниот изглед, кога изгледаме убаво се чувствуваме убаво. Ви споделуваме неколку предлози како да го направите тоа.

ПОСВЕТЕТЕ ВРЕМЕ ВО НЕГАТА НА ЛИЦЕТО, ВРАТОТ И ДЕКОЛТЕТО
Издвојте време внимателно да ја исчистете кожата на лицето, вратот и деколтето. Додека го правите тоа, внимателно масирајте ги тие регии на телото и нахранете ги со добар серум и хидратантна крема. Вашата кожа ќе ви биде благодарна!

НАНЕСЕТЕ МАСКА ЗА ЛИЦЕ
Ако сте доволно амбициозни, можете да се послужите со некоја ноќна маска која ќе оставите да делува додека спиете, но можете и да нанесете обична маска која ќе делува длабински на кожата и ќе ги отстрани сите нечистотии и ќе ја ревитализира уморната кожа. Вашата кожа веднаш потоа ќе изглед многу посвежо и помладо.

НАПРАВЕТЕ ПИЛИНГ ЗА УСНИ
Првите студени денови веднаш влијаат на усните, тие почнуваат да се сушат и да пукаат доколку не им ја обезбедите потребната нега. За да се ослободите од мртвите клетки, направете благ пилиг со помош на морска сол и малку маслиново масло. Откако ќе го втријате пилингот, исплакнете и нанесете балзам за усни во што поголем слој.

НЕ ЈА ЗАНЕМАРУВАЈТЕ ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ
Физичките вежби го поттикнуваат лачењето на ендорфинот (хормонот на среќата) а вашиот организам ќе ви биде благодарен доколку направите дури и најмал тренинг. Не мора да одите во теретана доколку не сте во можност, доволно е да пронајдете некое видео на Youtube кое содржи инструкции. Доколку немате многу кондиција, ве советуваме претходно да направите неколку лесни вежби за загревање.