Категории

Нека секое „добро утро“ биде среќно утро!

Чувството на среќа потекнува од позитивниот став – тоа сите добро го знаат. Позитивниот став има благотворно дејство како на нашето тело, така и на нашиот ум. Меѓутоа понекогаш е тешко секое утро да се започне со среќа. Прочитајте како тоа да го промените. Како секое „добро утро“ да биде среќно утро?

1. Не мислете на проблемите и обврските веднаш штом ќе ги отворите очите. Дозволете си на себе неколку минути во кои само ќе дишете и нема да размислувате на ни една тема. Стресот на почетокот на денот нема да ве направи повеќе продуктивни.

2. Веднаш по станувањето од кревет не пијте кафе. Наместо тоа испијте една чаша вода. Покрај тоа што на тој начин телото природно ќе ви се разбуди, ќе ви се забрза метаболизмот и ќе се чувствувате полесно затоа што сте се хидрирале веднаш по будењето.

3. Додека го пиете омиленото кафе не читајте вести,не ги разгледувајте друштвените мрежи или пак службените мејлови. Наместо тоа, пуштете некоја релаксирачка музика и погледете низ прозорецот. Уживајте во моментите на спокој.

4. Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, кој ни дава енергија за сите обврски кои ни престојат. Затоа немојте да го прескокнувате.

5. Пратете порака на драг пријател или пак на саканиот веднаш откако ќе станете. Овие мали знаци на внимание многу значат, а кога некого ќе усреќите – и вие ќе бидете среќни.

Прегледи:
1806
Објавено на:
16.03.2019