Категории

Некои бури не се случуваат за да не уништат, туку да не направат посилни

Бурите кои беснеат во нас често се многу поголеми од оние кои се случуваат околу нас.

Бурите кои беснеат во нас често се многу поголеми од оние кои се случуваат околу нас. Оние олуји кои не прават несигурни во сопствениот пат, не запираат да ги оствариме одлуките кои сме ги донеле.

Тоа се бурите на нашите стравови и сомнежи кои се разбеснуваат секој пат кога ќе се појави малку надеж кога пред нас се појавува некој предизвик да оствариме нешто кое сме посакувале, и тогаш тие прават да се откажеме од се. Тие се бурите од нашите изговори зошто сѐ уште не е вистинското време да се започне нов живот, оној кој сметаме дека треба да го живееме. Мислата дека не сме доволно силни да се соочиме со светот, бури од недостаток на самодоверба и самопочит.

А најстрашни се оние бури кои настануваат некаде помеѓу срцето и разумот. Такви кои со себе носат некои стари заборавени рани и не прават да потклекнеме пред сопствените слабости, да не убедат дека сме уморни и немаме повеќе сили да се бориме.

Но понекогаш тие бури се тука за да донесат нешто добро, затоа што секогаш после тоа нештата стануваат појасни. На површина изглегува сето она кое сме го потиснувале длабоко во себеси, сме го сокривале толку добро што сме заборавале дека постои. Некои бури не се случуваат за да не уништат, туку да не направат посилни.