Категории

Некои луѓе ќе почнат да ве сакаат дури кога вие ќе престанете да ги сакате

Некои луѓе не ве ценат, се додека не заминете. Кога повеќе нема да им давате поддршка која ја прифаќале како должност, кога повеќе не им пишувате пораки кои ги игнорирале, кога повеќе не ги пречекувате со раширени раце секој пат кога ќе почукаат на вашата врата насред ноќ и кога повеќе не го чекате нивниот повик.

Некои луѓе не сфаќаат колку сте ги сакале се додека не можат да пронајдат друг кој ги сакал исто толку силно. Кога не можат да најдат некој кој го сака сето она какви се и што се, кој ги гледа буквално како да се единствени на светот, некој кој би им овозможил да се чувствуваат како дома – безбедно и заштитено од хаосот на целиот свет кога ќе се разбудат.

Некои луѓе ќе се обидат да го добијат вашето внимание дури кога ќе престанете да им се улижувате. Кога ќе престанете да им се јавувате да им кажете колку ги сакате, кога ќе престанете да ги опсипувате со ситници кои ги споменале во случаен разговор и кога ќе престанете да оставате се за да им помогнете, кога им е потребно.

Некои луѓе ќе се обидат да ве освојат дури откако ќе ве изгубат. Кога ќе сфатат дека имате и други опции, кога ќе сфатат дека некој друг се однесува спрема нив подобро отколку тие, кога ќе сфатат дека повеќе не сте желни да бидете нивна варијанта и ќе сфатат колку биле себични.

На некои луѓе ќе им недостигате дури кога ќе ги заборавите.
Некои луѓе ќе почнат да ве почитуваат дури откако ќе си заминете.
Некои луѓе ќе почнат да ве сакаат дури откако вие ќе престанете.

Вашето срце треба да припаѓа на оној кој не морал да ве загуби за да би знаел како да ве задржи.

Прегледи:
110
Објавено на:
26.11.2020