Неколку лесни начини како брзо да се решите од подочниците

Подочниците прават да изгледаме постаро и поуморно отколку што всушност сме, што често може да не фрустрира, но постои решение за овој проблем. Со помош на овие лесни начини можете брзо да се решите од подочниците.


Помалку кафе, повеќе вода. Една чаша топла вода наутро има многу позитивни ефекти врз подочниците. Исто така, состојките за првиот дневен оброк би требало да содржат: омега-3 масни киселини и ореви.

Коректор е магично оружје против подочниците? За жал не е. Доколку подуеното подрачје под очите го прекриете со коректор само ќе го нагласите дополнително. Проверете дали тонот на коректорот се совпаѓа со вашата боја на кожа. Кога нанесувате коректор не претерувајте. Доволна е мала количина.

Нагласете ги трепките. Најдоброто одвраќање од подочниците се убавите трепки.

Избегнувајте темни сенки. Темни, сини или зелени нијанси на сенки, во комбинација со темните подочници, на очите им даваат подуен изглед. Користите топли и златни тонови на сенки.




Коментари

коментари